Двајца повредени во сообраќајка кај кавадаречко

Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на влезот во кавадаречкото село Раец, во која повредени се две лица.

Портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска рече дека во несреќата што се случила на магистралниот пат Градско-Прилеп учествувале две патнички моторни возила и оти засега не можат да кажат повеќе детали, пишува МИА.

Од Службата за итна медицинска помош во Кавадарци информираат дека две повредени лица во сообраќајната несреќа биле однесени во Општата болница во Кавадарци каде им се санираат повредите.