среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 63

Двајца повредени во сообраќајка на патот Кавадарци-Неготино

Од МВР за МИА информираат дека во незгодата во месноста викана „Антена”, учествувале патнички автомобил и трактор со приколка, а двете возила биле со ист правец на движење.

полиција

Последни вести

Две лица биле повредени, од кои едното потешко, при сообраќајната несреќа која синоќа околу 19 часот се случила на регионалниот пат Кавадарци-Неготино, информираат денеска од МВР.

Од МВР за МИА информираат дека во незгодата во месноста викана „Антена”, учествувале патнички автомобил и трактор со приколка, а двете возила биле со ист правец на движење.

– Што се однесува до автомобилот, станува збор за “форд ескорт” со кавадаречки ознаки, сопственост и управуван од С.А. роден 1964 во Неготино, жител на Кавадарци. Возачот бил телесно повреден. Тракторот бил со приколка,  марка ИМТ 533, без регистарски таблички, управуван од Љ.К, роден 1996 година во Кавадарци. Трактористот се здобил со тешки телесни повреди, соопштуваат од МВР.

Увид на лице место извршиле полициски службеници по овластување од обвинителството од Кавадарци.

Најчитани вести