Двајца повредени во сообраќајка на патот Радовиш – Штип

Вчера во 22.20 часот на патот Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода во која Д.С. (40) од Штип, управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Д.Т. (64) и А.Г. (38), двајцата од Штип, кои по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Штип се пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип.