Петмина повредени во сообраќајка на излезот од Струмица

Две лица се повредени во сообраќајката што се случи утрово околу 9 часот на излезот од Струмица, на патот кон Водoча и Вељуса, во близина на градските гробишта.

До несреќата дошло при судир меѓу две возила во струмички регистерски таблички, „фиат типо“ и „цитроен ксара“.

Со тешки повреди се здобиле возачот на „фиатот“, 31-годишниот Ѓ.И. и сопатникот од „цитроенот“ И.М. (67). Неговата сопруга Р.М. (68). и  И.Г. (24), кои биле сопатници, како и возачот на „Цитроенот“ Н.С. (25) се полесно поредени. Во овој автомобил се наоѓало и 12 годишно девојче кое поминало само со два скршени заба.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а сообраќајот на овој патен правец беше блокиран, а возилата пренасочувани кон патот за населеното место Ангелци.