Двајца повредени во судар на три возила во скопски Аеродром

аеродром

Од МВР информираат дека сообраќајната несреќа се случила во 12 и 05 часот на крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и „Кузман Косифовски Питу“ меѓу три возила марка мерцедес, опел и пежо, сите со скопски регистарски ознаки.

Увидот е во тек, а од МВВ наведуваат дека засега имаат информации за повредени две лица кои се префрлени на Ургентен центар.

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.