Двајца повредени во судир на локомотиви

Две лица биле повредени во судир на возови, вчера кај Демир Капија, информираше МВР.

Според полицијата, железничката несреќа се случила околу 18 часот на потегот од стојалиштето „Дуброво“ и железничката станица „Демир Капија“ на отворена пруга. При дефект на товарен воз, со намера возот да се отстрани од пругата, од непозната причина машината удрила во другата машина од товарниот воз, при што едната осовина излегла од шините.

Повредени се две лица од возниот персонал на кои лекарска помош им била укажана во Градската општа болница Неготино. Увид ќе се врши од страна на Полициска станица Неготино и комисија од Македонски железници.

Патничкиот и товарниот сообраќај бил во прекин на тој дел од пругата од 18 до 2 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.