Двајца прободени со нож пред „Расадник“

Пред спортската сала „Расадник“ во населбата Кисела Вода, утрово во 3.15 часот се случила групна тепачка помеѓу четири лица, при што двајца се прободени со нож во пределот на градниот кош.

На насатанот кој се случил на улицата Народни Херои, му претходела вербална расправија, која потоа прераснала во тепачка помеѓу Б.П.(25) од една страна и А.К.(26), А.Ј.(26) и М.П.(26), сите од Скопје, од друга страна, во која Б.П. со нож им нанел убодни рани на А.К и на А.Ј.

Повредените, како што соопшти МВР, се пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ и се задржани за понатамошно лекување, додека на Б.П. му е укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје каде му е констатирана телесна повреда во пределот на главата.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок