Двајца работници повредени на автопат во изградба

Двајца работници кои биле ангажирани на автапат во изградна се повредени во неделата, а еден од со тешки повреди пренесен на Ургентниот центар при скопските клиники.

Несреќата се случила околу 12,30 часот, при изведување на градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, на место викано Лавчани, кога работниците, 53-годишниот М.А. (53) од Дебар и 57-годишниот В.Љ. од дебарското село Могорче, биле удрени од црево кое било под дејство на компромиран воздух.

Тие биле пренесени во Медицински центар Кичево каде им била укажана лекарска помош.

Кај М.А. биле констатирани тешки телесни повреди на главата, по што бил препратен во Ургентен центар Скопје, а кај В.Љ. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.