Балкан

Двајца работници повредени при одрон на земја

Двајца работници повредени при одрон на земја

Двајца градежни работници денеска се полесно повредени при одрон на земја на тунел во изградба во Бугарија.

Едниот од работниците се жалил на болки на грбот и имал гребаници по телото, а вториот се здобил со повреда на глуждот.

Според бугарската полиција, повредените работници се пренесени во болница и се вон животна опасност.