Македонија

Двајца работници повредени во Гостивар

Двајца работници повредени во Гостивар

Електро-монтерот  Љ.Х. (52) од село Равен се здобил со тешки повреди откако вчера околу пладне паднал од дрвен столб додека работел на замена на електричен кабел на улицата „Илинденска” на излезот од Гостивар, информира денеска СВР Тетово.

При падот Љ.Х. се здобил со скршеница на левата потколеница, десното рамо и карлицата. Набрзо бил пренесен во гостиварската болница, а потоа пренесен на скопските клиники. На местото на несреќата при увидот учествувал и државен трудов инспектор, кои заедно со полицијата треба да утврдат како дошло до повредување на работникот.

Од СВР Тетово информираат за несреќен случај при работа и на улицата „Сретко Крстески” при замена на водоводна цевка. И.Н.(49) вработен во ЈП Водовод, додека работел во дупка на дефект, врз него се одронала земја од ископот и му ја повредило едната нога. И во овој случај бил извршен увид на екипа на СВР Тетово и државен инспектор за труд.