Балкан

ФОТО: Двајца ранети во напади врз седишта на курдска партија во Турција

ФОТО: Двајца ранети во напади врз седишта на курдска партија во Турција

Две лица се ранети при бомбашки напади врз две седишта на курдската Демократска партија на народите ХДП во Мерсин и Адана.

Експлозијата во седиштето на локалниот огранок на ХДП се случила во просторија што била користена како кујна, изјавил директорот на полициската управа во Мерсин, Рахми Баштуг.

foto_eksplozija_prokurdski_kancelarii_anadolija

Нема информации за сериозноста на повредите на двете жртви.

Експлозиите во локалните ограноци на ХДП доаѓаат во пресрет на парламентарните избори во Турција закажани за 7 јуни.

фото: Анадолија