Двајца рудари загинаа, тројца исчезнати по потрес во полски рудник за јаглен

Спасувачките екипи го потврдија загинувањето на двајца полски руда во неделата додавајќи дека трагаат уште по тројца заробени во речиси километарскиот подземени коридор по земјотрес, соопшти раководството на рудникот.

Потрес го погоди реонот во кој се наоѓа рудникот Боринија-Зофиовка-Јастерзеби во јужна Полска во саботата изутрината, првично заробувајќи седум рудари на длабочина од околу 900 метри. Станува збор за најсилен потрес кој ја погодил областа од 1989 година.

Двајца рудари беа извлечени уште во саботата, откако треперењето на почвата предизвикало пропаѓање на тунелот во кој работеле. Тие се хоспитализирани во градот Јастрзеби-Здрој. Тие се во „релативно добра состојба“ и може да се движат без помош, соопштија властите.

Енергијата којашто била почувствувана во рудникот била 40 отсто посилна енергијата ослободена во околу 110.000 потреси регистрирани во овој рудник од 1989 година, изјави за новинарите Даниел Озон, главниот извршен директор на компанијата „JSW“ којашто стопанисува со рудникот.

Според Озон, земјотресот имал магнитуда од 3,5 до 4,0 степени по Рихтер. Претходните процени направени од страна на полскиот државен рударски супервизор WUG говореа за магнитуда од 3,4 степени.

Околу 250 луѓе работеле во рудникот за време на земјотресот, соопшти компанијата. Настраданите и исчезнати рудари биле дел од 11-члена екипа којашто пробивала нов тунел. Четворица од нив успеале сами да побегнат при уривањето. Притоа се истакнува дека спасувачката операција била попречувана од високото ниво на метан, кој достигнал концентрација од 58 отсто.

Премиерот Матеуп Моравјецки, кој допатува во рудникот во саботата вечерта, изјави дека спасувачката операција е тешка и дека се надева оти другите рудари ќе бидат спасени. Полскиот претседател Анџжеј Дуда, исто така, стаса во рудникот во неделата напладне.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.