Двајца руски пилоти киднапирани во Дарфур

Амбасадата на Русија во Судан соопшти дека двајца Руси биле кднапирани во суданската провинција Дарфур, дополнувајќи дека се преземаат мерки за нивното ослободување, пренесоа француските медиуми.

Портпаролот на руската Амбасада не откри детали за случајот, ниту посочи каде двајцата грабнати работеле, пред се, да не му се нанесе штета на процесот на нивно ослободување.

Според руските медиуми, двајцата биле вработени во руската авиокомпанија „ЈуТер“ и во Судан работеле според договорот со мисијата за поддршка на мирот на Африканската унија и ОН во Дарфур.