Двајца се обидоа да се самозапалат пред Владата во Сараево

Двајца се обидоа да се замозапалат пред Владата во Сараево

Двајца демобилизирани борци од Какањ, кои веќе 26 денови демонстрираат пред владата на Федерацијата на БиХ во Сараево се обидоа денеска да се самозапалат, објави МИА.

На терен излегоа пожарникари, Брза помош и полиција кои штрајкувачите незадоволни што немаат вработување ги спречија во намерата да го направат тој трагичен чин, јавуваат сараевски медиуми.

– Ние сме пред Владата барајќи каква било работа. Вака веќе не може, велат Ќазим Бајриќ и Намир Пипо кои самозапалувањето сакаа да го извршат откако се полеаја со бензин.

По инцидентот беа примени од министерот за боречки прашања Салко Букваревиќ кој им ветил помош – дека од 1 септември ќе може да работат во рудникот Какањ.

kliks

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.