Свет

Двајца скијачи загинаа во лавина во Австрија

Двајца скијачи загинаа во лавина во Австрија

Австриската шумска спасувачка служба пронајде тела на двајца скијачи во местото Селден. Тие биле затрупани од лавина, пренесе МИА.

Според првичните информации, жртвите се Америкаци и сами ја придвижиле лавината.

Во тој дел од планината во австриската покраина Тирол во сила е трет степен предупредување од лавини.

Американските туристи прво скијале на 3.056 метри високиот Гаислахкогел, а потоа заминале од безбедните патеки.

фото: snowcoledgenews.com