Двајца скијачи загинаа во лавина во италијанските Алпи

Двајца скијачи загинаа, а најмалку еден се води како исчезнат, во лавината којашто во саботата се случила во северозападниот дел од италијанските Алпи, пренесува агенцијата ANSA.

Италијанската служба за спасување објави дека „повеќе скијачи“ учествувале во несреќата во Пила, скијачка патека во Вале Д’аоста. Според сознанијата на ANSA, најмалку пет лица биле зафатени од лавината којашто ги поклопила со сета сила.

Двајца скијачи се најдени мртви, двајца се спасени и се наоѓаат во состојба на хипотермија, а во тек е потрага по други скијачи.