Двајца соработници на рок-фестивалот Rock am Ring уапсени под обвинение за подготовка на терористички напад

Германската полиција привела двајца соработници на компанијата којашто дава услуги во организацијата на познатиот рок-фестивал Rock am Ring, кој се оджува во близина на местото Нирнбург, во федералната земја Рајнланд-Фалц, кои на местото на одржување на настанот внесле сомнителен предмет, пишува весникот Welt.

Според сознанијата, барем еден од уапсените е осомничен за поврзаност со исламисти. Весникот Bild пишува дека двете лица биле сослушувани од полициските службеници.

Претходно во петокот вечерта организатортите на еден од најпознатите рок-фестивали објавија дека го откажуваат одржувањето на настанот, поради терористичка закана. Германската полиција издаде наредба за евакуација на посетителите од комплексот во кој се одржува фестивалот и го пребаруваше теренот.

За тридневниот музички фестивал годинава биле продадени 87.000 влезници. На четирите сцени требаше да настапат вкупно 85 бендови, меѓу кои и познаи групи како Die Toten Hosen, Rammstein, System Of A Down.

Паралелниот рок фестивал Rock im park, кој се одржува во баварскиот град Нуернберг, каде што треба да настапат истите состави само во различно време, се одржува според планираното, извистува агенцијата DPA.