Двајца струмичани напаѓале жени и им ги краделе чантите

Полиција поднесе кривична пријава против  Е.А.(19) и Р.А.(21) и двајцата од Струмица, поради постоење основано сомнение дека двајцата сториле седум тешки кражби  во периодот јануари до март  годинава, на подрачјето на Струмица.

Имено, пријавените кражбите ги вршеле во ноќните часови претежно над женски лица кои се движеле по улица, при што на дрзок начин со употреба на сила им ги одземале женските чанти и бегале.

Од извршените седум кривични дела причинета е вкупна материјална штета од околу 50.200 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.