Двајца тешко поведени во сообраќајката во Демиркаписка клисура

Едно лице е потешко повредено, а едно со полесни повреди во сообраќајка, што се случи во саботата вечерта во клисурата кај Демир Капија, од која е предизвикан целосен прекин на сообраќајот на автопатот Демир Капија-Неготино.

Вечерва околу 18.30 часот на маг. пат Демир Капија–Неготино патничко моторно возило „Опел корса“ со гевгелиски регистерски таблици, управувано од М.Л. (33) удрило во одрон и се превртело. М.Л. е пренесена во Ургентен центар во Скопје, а сопатникот П.К. (30) во болницата во Кавадарци, информираат од МВР.