Крими хроника

Двајца тетовци повредени во меѓусебна тепачка

Две лица се здобиле со потешки повреди во меѓусебната тепачка што ноќеска околу 1 часот и 50 минути по полноќ се случила на улицата 133 пред угостителскиот објект „Ангел“ во Тетово.

Тетовците З.Р.(45) и И.М.(33) најпрвин започнале вербална расправија што брзо преминала во физичка пресметка во која користеле тупаници, стаклени и други предмети. При тоа И.М. се здобил со длабока расекотина на левата страна од лицето и по укажаната помош во тетовската клиничка болница бил префрлен на скопските клиники.

Во тепачката со повреди по лицето и главата се здобил и З.Р., кој по укажаната помош бил задржан на лекување во тетовската болница.

Увид извршила екипа на СВР Тетово и се работи на расветлување на инцидентот, рече Јосифовски