Двајца тинејџери во Романија загинаа во снежна лавина

Двајца тинејџери на тринаесет и четиринаесетгодишна возраст биле жертви на лавина во западниот дел на Романија откако земјата деновиве ја погоди вистинско зимско невреме, пренесува агенцијата Associated Press (AP).

Директорот на службата за итни состојби Раед Арафат изјавил за агенцијата дека лавината се случила во националниот парк Ретезат, околу 300 километри северозападно од романската престолнина Букурешт. Прецизирал дека телата на двајцата тинејџери биле извлечени од под снегот, додека другите три лица од групата не настрадале.

„Биле затрупани под лавината, за жал, немало можност да бидат спасени“, додал директорот.

Арафат, исто така, истакнал дека локалните власти биле предупредени за големиот ризик од појава на лавини, како и дека не било безбедно дури да се испрати хеликоптер за помош на настраданите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.