среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Двајца турски новинари осудени на 5 години затвор поради откривање државни тајни

98583066

Последни вести

Новинарите Џан Дјундар, главен уредник на опозицискиот весник „Џумхуриет”, и Ердем Ѓул, уредник на весникот во канцеларијата во Анкара, осудени се на пет години затвор за откривање на државни тајни

Дјундар доби 5 години и 10 месеци затвор, а Ѓул – 5 години. Тие беа судени и за шпионажа, но по тоа обвинение беа прогласени за невин.

Двајцата новинари откриле дека режимот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган доставувал оружје на џихадистички групи во Сирија.

Засега двајцата новинари не се испратени во затвор, додека Апелациониот суд се произнесе за случајот.

– Ќе продолжиме да ја вршиме нашата работа како новинари, и покрај сите овие обиди да се стиши нашиот глас. Ние сме должни да сочуваме храброст во нашата земја, рече Дјундар пред новинарите по објавувањето на пресудата.

Тужителите во случајот беа турскиот претседател и турските тајни служби.

Двајцата новинари поминаа три месеци во притвор, пред Уставниот суд да пресуди нивно ослободување во февруари. Процесот започна на 25 март.

Најчитани вести