Двајца турски трговци со луѓе уапсени во близина на грчкиот остров Инусес

Грчките пристаништни власти уапсиле двајца турски криумчари на луѓе, кои превезувале бегалци, во близина на островот Инусес.

Криумчарите се на возраст од 22 и 28 години и биле со моторен чамец, во кој е откриена ловечка пушка и муниција. Бегалците, кои се наоѓале во чамецот, се префрлени на островот Хиос.

ЕУ и Анкара постигнаа договор за бегалците, според кој нелегалните мигранти што ќе стигнат од турска територија во Грција, треба да бидат уапсени и потоа вратени назад во Турција.