Балкан

Двајца турски војници и полицаец убиени во напад на курдските бунтовници

Двајца турски војници и полицаец убиени во напад на курдските бунтовници

Турската армија соопшти дека двајца турски војници и еден полицаец се убиени во денешниот напад на курдските бунтовници во југоисточниот град Дијарбекир.

Нападот на Курдската работничка партија (ПКК) бил извршен во реонот на Сур, во кој на некои места во декември беше воведен 24-часовен полициски час.