Двајца турски војници уапсени во Грција

Двајца припадници на турските вооружени сили биле уапсени поради нелегален влез во Грција, соопшти грчката армија.

Во соопштението се вели дека турските војници биле уапсени долж границата во северниот дел на Грција.

Армијата го негираше пишувањето на некои медиуми дека за време на инцидентот имало престрелка. Не е познато како турските војници влегоа во Грција.

Турција во март годинава уапси двајца грчки војници, кои тврдеа дека залутале во Турција во маглата додека патролирале долж границата. Тие беа ослободени минатиот месец и се вратија во Грција.