петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Двајца убиени и еден потешко ранет во престрелка во Гренобл

Во престрелка во Гренобл две лица го загубија животот и едно лице е потешко рането, соопштија полициски извори, пренесува дописникот на МИА од Париз.

©PHOTOPQR/OUEST FRANCE/ FRANCK DUBRAY/LE  14/05/2012/Des policiers nantais recherchent un garçon de 13 ans qui s' est jeté dans la Loire. L’adolescent  qui avait été mis en examen la veille pour des home-jackings, était au volant d' une voiture volée. Il  a blessé trois policiers gravement lors de l' interpellation.

Последни вести

Според регионалниот весник „Дофине либере“ престрелката се случила на тротоар пред училиште во квартот Теисеир во Гренобл. Едно од лицата било убиено на место, второто во болница, додека третото потешко рането лице не е во животна опасност.

Според полициските извори станува за „пресметка“ меѓу криминални групи. Квартот каде се случи престрелката е блокиран од силите на редот и засега нема уапсени. Во септември минатата година едно лице беше убиено во престрелка меѓу две ривалски банди.

Најчитани вести