Двајца убиени и осум ранети во напад со нож во Финска

© EPA/ARI MATTI RUUSKA/TURUN SANOMAT

Две лица се убиени и уште најмалку осум се ранети во напад со ножѓ во петокот во југозападниот фински град Турки, потврди полицијата.

Полицијата соопшти дека пукала на напаѓачот. Тој е повреден во ногата и е притворен.

Полицијата предупреди дека можно е да има уште напаѓачи во бегство и во порака преку социјалните мрежи апелираше до жителите да го одбегнуваат централното градско подрачје.

Директорот Универзитетската болница во Турки, Петри Виролаинен за новинарите рекол дека најмалку осум ранети лица се донесени во болницата, како и дека едно од нив починало.

На прес-конференцијата која подоцна ја одржа полицијата ја потврдила смртта на уште едно лице.

Весникот Turun Sanomat наведува дека неколку возила на итната помош дошле на местото на нападот, како и дека полицијата врши проверки во јавниот транспорт. Исто така, евакуирани се и неколку згради.

Финскиот премиер Јуха Сипила изјави дека неговата влада внимателно го следи развојот на ситуацијата. Министерот за внатрешни работи и полицискиот комесар изјавиле дека се на пат кон Турку.

Полицијата објави дека ги е зголемена безбедноста на клучните локации во престолнината Хелсинки каде што вооружената полиција може да се види во аеродромот и на централната железничка станица.