ВИДЕО: Двајца убиени при напад на Апелацискиот суд во Милано

Маж денеска отвори оган во Апелацискиот суд во Милано, при што уби две лица, од кои едниот е судија, изјавија претставници на Судот и на полицијата.

Клаудио Џардело, кој отвори оган во Судот, беше обвинет во случај за намерно предизвикување банкрот на компанија.

Според последните информации напаѓачот  е уапсен.

Очевидци изјавија дека слушнале три или четири истрели, по што во зградата влегле голем број полицајци. На адвокатите и на судиите им било наредено да не ги напуштаат салите во Судот.

Реонот околу Судот е блокиран, а пристигнаа и неколку возила на брзата помош.