Двајца убиени во полициската акција во Сиднеј

Две лица се убиени во полициската акција во кафулето во Сиднеј, каде маж држеше под заложништво вработени и гости повеќе од 16 часа, јави ТАСС, повикувајќи се на локалните медиуми, објави МИА.

Во акцијата е убиен и киднаперот. Властите засега не ги потврдија овие информации.

Непосредно пред полициската акција, властите објавија дека киднаперот е 49-годишен мигрант од Иран, кој се викал Ман Харон Монис. Тој пристигнал во Австралија во 1996 година. Харон го привлекола вниманието на полицијата откако почнува да праќа заканувачки пораки со омраза до семејствата на австралиски војници што загинале во Авганистан.

Деминери и роботи за деактивирање на бомби влегле заедно со полицијата во упадот во кафулето во „Линд“ во Сиднеј, јави ДПА.

При упадот е повреден еден полицаец, по што настанала кратка пукотница во локалот. Полицијата објави крај на акцијата со порака на Твитер објавена во 2 часот и 30 минути по полноќ по локално време на 16 декември.