Двајца убиени во пукање на универзитетот Мичиген

Две лица се убиени во пукањето во петокот на универзитетот во сојузната американска држава Мичиген, објави институцијата.

Жртвите не се студенти, а се верува дека причина за трагедијата се „семејни проблеми“, соопшти универзитетот кој се наоѓа во градот Маунт Плезант, додавајќи дека нема повредени.

Осомничениот 19-годишен напаѓач од афроамериканско потекло идентификуван како Џејмс Ерик Дејвис сѐ уште е во бегство, а универзитетскиот кампус каде што се одвивало пукањето е блокиран од полициските сили.

Инцидентот се одигра околу дваесет дена по пукањето во средното училиште на Флорида во кое бие убиени 17 луѓе по што повторно беше отворена дебатата во јавноста за контрола на продажбата на оружје. Повикот за построга контрола го предводат сега учениците, а пратениците набрзо донесоа закон кој ја ограничи продажбата на лица помлади од 21 година и на оние кои имаат некои ментални нарушувања.

Повеќе од 30.000 луѓе во САД смртно страдаат на годишно ниво во земјата во којашто во истиот период се продаваат милиони парчиња огнено оружје. Во 2016 година, на пример, постигнат е рекордот со продадени 27 милиони парчиња на Американците во тековната година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.