Тешко ранети двајца професионални војници

Двајца војници се ранети во инцидент со огнено оружје денеска во касарната во Тетово, додека чистеле митралез, потврди Министерството за одбрана.

Генералштабот на Армијата на Република Македонија ја известува јавноста дека на 22 март, околу 9.55 часот, во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово дојде до повредување од огнено оружје на двајца професионални војници на АРМ- се вели во соопштението.

Имено, според првичните информации, наводно при чистење на оружје „митралез“ испукан е еден куршум при што со прострелни рани во надколеница и подколеница се повредени професионалните војници Мирослав Ј.(27) од тетовско Сараќино и Вели Ш.(37) од Скопје.

Веднаш по настанот истите се пренесени во болницата Тетово од каде се утврдени фрактури на коски и по првично санирање на повредите се префрлени на хируршка интервенција во Клиничкиот Центар „Карил“ во Скопје, се наведува во соопштението.

Се додава и дека двајцата војници се во стабилна состојба, надвор од животна опасност.

Надлежните органи од МВР и АРМ работат на целосно расчистување на случајот. За резултатите од истрагата јавноста дополнително ќе биде известена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.