Двајца заболени од жолтица во Крива Паланка

Според информациите од подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Крива  Паланка, месецов се регистрирани два случаи на заболени од хепатит А.

-Првите две лица заболени од жолтица годинава се пријавени во нашиот центар овој месец. Станува збор за две пациентки жители на Крива Паланка кои работат и престојуваат во Скопје. Едната е на возраст од 30 години и се заразила при контакт со својот сопруг кој претходно се разболел од хепатит А, додека кај другата пациенка изворот на заразата сеуште е непознат – вели Елена Крстевска од подрачната единица на Центарот за јавно здравје од Крива Паланка.