Двајца загинаа во тешка сообраќајка на Партизанска (ВИДЕО)

Тешка сообраќајна несреќа која однесе две жртви се случила утринава во 3.30 часот на булеварот Партизански одреди, во скопски Карпош.

Во страшниот инцидент учествувало такси возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблици, кое излегло надвор од коловоз, удрило во жардиниера, па во дрво. На самото место починале возачот В.А (35) и сопатничката  К.С (37).
СВР Скопје направи увид и известен е јавен обвинител. Телата се пренесени во судска медицина на обдукција.

Причините за несреќата се непознати, дополнително ќе се утврди дали втората жртва во сообраќајката била патник, или сопатник на возачот.