Двајца загинаа во тешка сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Две лица загинаа на магистралниот пат Штип-Радовиш на излезот од штипското село Лакавица.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова, информира дека утринава во околу 06.40 часот автомобилот марка „фолксваген шаран“ излетал од коловозот.

Според првичните информации од увидот, на лице место загинале двајца сопатници, додека возачот и четвртиот сопатник со повреди се хоспитализирани во штипската Клиничка болница.

Истражните органи вршат увид на лице место, по што ќе се утврдат причините за несреќата. Излезот од штипското село Лакавица е позната црна точка на магистралниот пат Штип-Радовиш.