Двајца загинати, еден повреден во тешка сообраќајка на патот Богданци – Гевгелија

Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што доцна попладне се случи на патот Богданци – Гевгелија.

Според информации од полицијата, возило „ауди а3“ што го управувал 20-годишниот Б.Џ. од Богданци се судрило со автомобил „форд фиеста“ управувано од 40-годишниот Љ.П. од Кавадарци.

Во несреќата загинале М.Ш. (1997) и К.П. (2000) и двајцата од Богданци, сопатниците во „аудито“, додека возачите здобиле тешки повреди и се пренесени во гевгелиската болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.