Двајца загинати и 17 повредени во тешката сообраќајна несеќа кај Радовиш

архивска илустрација

Две лица ги загубија животите а уште 17 имигранти се повредени во сообраќајната несреќжа што се случи во понеделникот попладнето околу 16,40 часот на магистралниот пат Радовиш – Штип во близина на рудникот Бучим.

Од СВР Струмица потврдуваат дека несреќата се случила кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигранти од Бангладеш и Шри Ланка удрило во ограда од мост. Возачот избегал од местото на несреќата.

Единаесет од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, а шест во Општата болница во Радовиш.

Според полицијата, има индиции дека бројката на мигранти во товарното возило била поголема, но оти тие избегале по несреќата.

Автомото сојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот е нормализиран за патнички возила, но не и за тешки товарни возила и автобуси.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.