Двајца загинати при експолозија на автомобил-бомба во Турција

Две лица загинаа, а дванаесетмина други се ранети синоќа при експлозија на автомобил-бомба пред полициска станица во градот Јомерли во турскиот југоисточен округот Мардин.

Како што јави турската државна телевизија НТВ, тројца од повредените при напоадот, за кој е осомничена Курдската работничка партија (ПКК), се војници.

Од експлозијата се создала огромна дупка на патот и нанесена е огромна штета и врз зградата на полицијата и околните објекти.

Полицијата започна потрага за напаѓачите.