Двајца загинати при пад на мал авион во Грција

Две лица го загубија животот при прад на мал авион во Грција.

Грчките медиуми јавија дека леталото се урнало непосредно по полетувањето од аеродромот во Спарта.

Според очевидци, по полетувањето авионот нагло почнал да губи висина и се урнал во близина на аеродромот.