Двајца загинати при пукање во црква во Русија

Најмалку две лица се убиени, а шестмина се повредени кога вооружен маж отворил оган врз верници во главната православна црква на рускиот остров Сахалин.

Руските медиуми јавуваат дека напаѓачот е уапсен.

Нападот се случил додека руските безбедносни сили се во приправност поради стравување до евентуални напади за време на Зимските олимписки игри во Сочи, одалечен повеќе од илјади километри западно од островот.

Според првичните информации, нападот нема врска со Игрите.

Напаѓачот, кој има околу 25 години, работел како чувар во една приватна фирма која се занимава со обезбедување. Мотивот за нападот не е утврден.

Поголем дел од повредените верници се ранети во нозете и нивните животи не се во опасност, јавува агенцијата РИА повикувајќи се на извори од црквата.