Свет

Двајца загинати во невремето во Каталонија

Двајца загинати во невремето во Каталонија

Две лица загинаа во невремето што ја зафати североисточната шпанска покраина Каталонија. Ветерот со брзина од 120 километри на час носеше покриви и корнеше дрвја.

Во соопштението на каталонската Влада се наведува дека маж и жена загинале кога врз нив во градот Тераса паднал дел од ѕид од фабриката во која работеле.

Освен тоа, еден работник од железницата е повреден кога возот делумно излетал од шините, откако налетал на откорнато дрво.

Каталонската Влада соопшти дека во покраината и натаму е во сила предупредување за невреме, иако ветерот нешто ослабел, а на граѓаните и натаму им се советува да не се движат во близина на нестабилни градби.