Двајца загинати во поплавите во Кентаки

Две лица загинаа во поплавите предизвикани од неколкудневните поројни дождови во американската држава Кентаки.

Едната жена загинала откако автомобилот од надојдената вода и бил повлечен од патот и истуркан во реката, а другата загинала кога дрво паднало врз неа.

Поради поплавите затворени се многу патишта и мостови, а спасувачите се обидуваат со чамци да дојдат до некои изолирани куќи.

Дождот е придружен од силен ветер, кој корне дрвја и соборува електрични столбови. Неколку илјади домаќинства се без струја.