Двајца застрелани мажи пронајдени кај Долно Количани

Две безживотни машки тела со прострелни рани се пронајдени вчера околу 19 часот во возило „ровер 75“ со охридски таблички во нива кај селото Долно Количани на патот кон село Драчево.

Јавен обвинител и полициски службеници на местото извршиле увид, при што е пронајден еден пиштол. Телата на двете машки лица ќе бидат предадени на обдукција.

Засега е идентификуван возачот на „Роверот“ Светислав Р. (1987) од Кичево, кој вчера бил пријавен и за исчезнат, а се работи на идентификување и на второто лице пронајдено со прострелни рани во автомобилот, пренесува МИА.

Според првичните сознанија, најверојатно се работи за убиство и за самоубиство.