Двајца затвореници од Гвантанамо префрлени во БиХ и Црна Гора

Американското Министерство за одбрана денеска соопшти дека префрлило двајца затвореници од затворот во базата Гвантанамо во Црна Гора и во БиХ, каде треба да започнат нов живот.

Во соопштението на Пентагон се наведува дека третиот затвореник Мухамед Бавазир одбил да замине за Европа и останал во американската база на Куба.

Во БиХ е префрлен еден египетски државјанин со тешки здравствени проблеми, а во Црна Гора заминал затвореник од Јемен, се наведува во соопштението, при што се додава дека ниту едниот, ниту другиот не можеле да се вратат во земјата од каде потекнуваат.

Досега американските власти од Гвантанамо ослободија вкупно 91 затвореник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.