Дванаесет активисти на американските демократи обвинети за предизборни лажирања

© Alex Wong/Getty Images

Обвинителството на американската сојузна држава Индијана поднесе обвиненија против 12 лица за нарушувања при регистрацијата на гласачите пред општите избори во САД во ноември 2016 година, а станува збор за соработници на Демократската партија.

Како што пренесува агенцијата Associated Press (AP), обвиненијата за изготвување лажни формулари за регистрациските картички на гласачите се поднесени против шеф на јавниот проект „Регистрација на избирачите на Индијана“, Холидеј Берк и на 11 негови соработници. Организацијата била поврзана со видни демократи, како поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешниот демократски челник во Сенатот, Гери Рид од сојузната држава Невада. Нивната задача била да привлечат максимален од афроамериканските избирачи, коишто живеат во споменатата сојузна држава.

Полицијата ги истражувала активностите на оваа организација уште во август 2016 година, откако добила извештај од властите на округот Хендрикс за исчезнување голем број картички за регистрација на гласачите и наводно лажни во други такви картички. Со натамошната истрага биле опфатени 56 окрузи во Индијана.

Доколку им биде докажано делото, на обвинетите им се заканува затворска казна во траење до две и пол години. Организацијата, пак, може да биде казнета со 10.000 долари.

Победникот на американските претседателски избори од ланскиот ноември, републиканскиот кандидат Доналд Трамп, повеќепати изјавуваше дека има добри причини да верува дека најмалку 3 милиона незаконски гласале на изборите на 8 ноември 2016 година. Тој повеќепати предупредуваше на решеноста „да се спроведе голема истрага за фалсификувања на изборите“. Според Трамп, како резултат на различни махинации, милиони гласачи биле внесени во вкупната бројка гласови на неговата ривалка од Демократската партија, Хилари Клинтон.

Како резултат на тоа, според официјалните извештаи, Клинтон на национално ниво добила речиси 3 милиони гласови повеќе од Трамп. Меѓутоа, тоа според сложениот американски изборен систем нема влијание. На изборите во САД, кандидатите се борат не за поединечните гласови на избирачите, туку електорите, при што секој држава тие се различни. Републиканскиот кандидат водеше според електорските гласови во 30 од 50-те сојузни држави и собра 306 електорски гласови, а за победа доволни се 270 вакви гласови.