Балкан

Дванаесет години од убиството на Ѓинѓиќ

Дванаесет години од убиството на Ѓинѓиќ

Со повеќе активности денес низ Србија се обележуваат 12 години од убиството на Зоран Ѓинѓиќ.

Во Алејата на великаните на Новите гробишта во Белград околу 9.30 часот пристигна Борис Тадиќ заедно со делегацијата од социјалдемократската партија, кои на гробот на првиот демократски избран премиер на Србија положија венци и запалија цвеќиња, пишува српски „Курир“.

Околу 10 часот на гробот на Ѓинѓиќ пристигнаа и поранешните членови на кабинетот, како и поранешните министри.

Исто така, на убиениот премиер почит му одадоа и лидерот на Новата партија и поранешниот премиер на Србија Зоран Живковиќ и неговите сопартијци.

По вчерашната изјава на лидерот на српските радикали Војислав Шешељ дека може да се случи на гробот на Ѓинѓиќ да го испрати заменикот Немања Шаровиќ „со глогов колец“, министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ изјави дека полицијата ќе го заштити јавниот ред и мир и дека државата нема да дозволи било што да се случи со гробот на покојниот премиер.

Фото: Б92