Дванаесет години затвор поради канибализам

Алексеј Горуленко од автономната руска република Јакутија е осуден на 12 години казна затвор поради канибализам.

Горолуенко е прогласен за виновен за намерно нанесување на тешка телесна повреда што довела до смрт, но во пресудата го нема зборот канибализам.

Во летото 2012 година Горуленко заедно со уште тројца мажи се изгубиле во шума. Кон крајот на ноември спасувачите го нашле само Горуленко и уште еден маж, а по неколку дена биле најдени и останките од третиот маж. Горуленко и другиот маж признале дека тој починал од глад, по што го изеле. Четвртиот маж се уште се води како исчезнат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.