Дванаесет коалиции и партии поднесоа кандидатски листи за изборите

Од Државната изборна комисија денеска за МИА потврдија дека до истекувањето на рокот, односно до синоќа на полноќ кандидатски листи за пратеници поднеле коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи – ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите  ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица, СДПМ и Беса и НДМ.

Кај Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за носител на листа во Првата изборна единица е предложен Никола Поповски, во Втората Никола Тодоров, а во Третата Илија Димовски. Листата на коалицијата во четвртата изборна единица ја предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, прв на листата во Петтата изборна единица е Антонио Милошоски, во Шестата Влатко Ѓорчев, а во Седмата изборна единица Рамазан Ифтаровски.

Коалицијата на СДСМ во првата ИЕ ја предводи Стево Пендаровски, а Оливер Спасовски во втората ИЕ. Во третата ИЕ носител е Љупчо Николовски, во четвртата претседателот на СДСМ Зоран Заев, петтата Радмила Шеќеринска, а во шестата Петре Шилегов.

Носител на листата на ДУИ во првата ИЕ е Артан Груби, во втората Ејуп Халими, во третата ИЕ Нафи Дурмиши, а во четвртата Артин Спахиу. Во петтата ИЕ прв на листата е Агим Шаќири, во шестата лидерот на партијата Али Ахемти, а во седмата Џевдет Спахиу.

Кај ДПА прв на листата во ИЕ 1 е Идриз Орана, во ИЕ 2 Орхан Ибраими, а Сами Рушити ИЕ 3. Во петата Изборна единица носител е Адриан Хусеини, а претседателот на ДПА Мендух Тачи е прв на листата во шестата изборната единица.

Листата на Коалицијата за промени и правда во првата ИЕ ја предводи претседателот на ДС, Павле Трајанов, а во втората, претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски. Во третата ИЕ прва на листата е Весна Стоименовска од ДС, четвртата Слободан Богоевски, петтата Александар Делов од ФРОДЕМ, а шестата Бранко Мајсторовски од Моро – РП.

Носител на листата на Коалицијата ВМРО за Македонија во првата изборна едница е Ден Дончев, во втората Љупчо Балковски, а во третата претседателот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов. Листата во четвртата ИЕ ја предводи лидерот на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски, во петтата  претседателот на Обединети за Макеоднија, Љубе Бошковски, во шестата Зоран Велковски, а во седмата Стојадин Наумовски.

Од „Левица“ во првата изборна единица носител е Димитар Аспатиев, во втората Трајче Стојанов, а во третата Марија Џонс. Четврата изборна единица ја предводи Митко Николов, а петата Здравко Савевски.

Кандидатските листи треба да бидат разгледани и потврдени од членовите на ДИК во рок од 48 часа од моментот на доставувањето односно до недела на полноќ. Доколку се констатираат неправилности учесниците во изборите треба да ги отстранат во рок од 48 часа. Жребувањето за редоследот на листите треба да се одржи на 20 ноември.

На полноќ истече и рокот за пријавување државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, како и за лицата со спорни записи и увидот во избирачкиот список.

Според последните информации од ДИК, досега се пристигнати 20.293 пријави од  државјани на Република Македонија кои живеат во странство за гласање на изборите, од кои се прифатени 18.706.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.