Македонија

Дванаесет питачи отстранети од крстосниците во Скопје

Дванаесет питачи отстранети од крстосниците во Скопје

Минатата недела полицијата спроведе акција заедно со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во која отстрани 12 лица кои се затекнати при питачење на крстосниците во централното подрачје на градот.

Од нив против Е.Е., В.С. и Б.Б кои ги носеле со себе и нивните деца, а кои биле и странци со изминатата дозвола за престој, полицијата поднесе кривични пријави за запуштање и малтретирање малолетно лице.

Е.Е. и Б.Б. се веќе познати сторители на кривични дела и тоа: против Е.Е. се поднесени 11 кривични пријави, за 11 кривични дела и тоа: четири за “запуштање и малтретирање на малолетно лице“; пет за “тешка кражба“ и две дела – “кражба“. За дел од нив од страна на надлежен суд изречени му се четири казни затвор и една мерка засилен надзор од социјален орган. Против Б.Б. се поднесени три кривични пријави за три кривични дела – “запуштање и малтретирање на малолетно лице“.

Против другите девет затекнати лица ќе бидат поднесени барања за поведување прекршочна постапка за питачење.

Во рамки на акцијата полицијата и Центарот спроведоа и иселување на на лица од ромска националност од објект „Цветан Димов“ – Сапунара лоцирана на бул. „Борис Трајковски“.

На затекнатите лица им е дадена можност самоволно да го напуштат објектот, бидејќи, како што наведуваат во соопштението, поголемиот дел од нив имале свои постоечки живеалишта претежно во населбо Шутка, но и во други градови од земјава.

Од пронајдените деца во објектот четири се однесени на преглед во Детска Клиника – Педијатрија и по пружената потребна нега повторно се вратени кај мајката, додека пак шест деца со мајка со возило од Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје – Скопје“ се вратени во Валандово.