Дванаесет сообраќајки во Скопје за 24 часа, повредени 7 лица

На подрачјето на градот Скопје вчера се случиле вкупно 12 сообраќајни незгоди, од кои 8 се со последици материјална штета, 4 се со последица телесни повреди, а со полесни повреди се здобиле 7 лица.

Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци меѓу кои девет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи  ги управувале своите возила под дејство на алкохол, четворица поминале на црвено светло  на семафорот, а петорица биле без возачка дозвола

Регистрирани биле и 34 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден отстранети се79 возилa.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе бидат реализирани едукативни работилници во Детската Градинка „Буба Мара “ објект Пчелка 2,  кој се наоѓат на подрачјето на општина Аеродром.

Од СВР – Скопје најавија дека денеска со почеток во 14:30 до 15:30 минути група граѓани ќе одржат протест на излезот на Скопје на раскрсницата за влез во Сарај.

Вработените во МЗТ Леарница АД Скопје денеска ќе оддржат протест  пред Собранието  и пред Владата на Република Македонија на Бул. Илинден.

Протестот ќе започне во 09:00 часот пред зградата на Сојузот на Синдикатите на Македонија, ќе продолжат да се движат по ул. Мирче Ацев, лево по ул. Филип Втори, десно по ул. 11 Октомври пред Собранието на РМ и ќе  продолжат по ул. Димитрија Чуповски, десно по ул. Даме Груев, во продолжение по бул. ВМРО, лево на бул. Илинден пред Владата на РМ.

Денеска како и во текот на викендот сабота и недела на Скопското Кале во организација на Мото Клубот „Ноќни Волци“ ќе се одржи 10-от Интернационален Мото Фестивал.

Тие во сабота 27.08 ќе одржат Мото Дефиле кое ќе започне во 17:00 часот пред Скопското Кале на ул. Самоилова.

Во сабота  во попладневните и вечерните часови како и во текот на нередниот ден по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, се очекува прилив на поголем број граѓани, кон црквата во Матка, што значи зголемен интензитет на сообраќајот на овој дел, од овие причини ќе биде зајакнато присуството на полицијата со цел зголемена безбедност и проточност на сообраќајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.