Дванаесет загинати, 108 повредени во одрони во Индонезија

Најмалку 12 лица загинаа, а 108 се водат како исчезнати откако одрон, покренат по поројните дождови, целосно уништил едно село на индонезискиот остров Јава, соопштија властите.

Стотици спасувачи и волонтери со голи раце го пребаруваат теренот, а портпаролот на агенцијата за елементарни непогоди рече дека одронот доцна синоќа збришал повеќе од стотина куќи во планинска област, во селото Џемблунг, на околу 450 км од Џакарта.

Само две куќи останале поштедени во одронот, а 379 лица се евакуирани од околните области.

Се проценува дека околу половина од 250 милиони жители на Индонезија живеат во области подложни на одрони.